Светската автомобилистич ка федерација (ФИА) го објави официјалниот генерален пласман по завршувањето на годинашното издание на ФИА интернационалните трки на ридски патеки. Нашиот возач Александар Димушевски ја заврши сезоната на 9. место во вкупниот пласман, а на 2 место во групата “Н”. Но, она што, секако е повредно од ова постигнување е фактот што популарниот Вуле стана првиот Македонец кој оствари пласман во шампионатот на ФИА, внесувајќи го македонскиот автомобилизам во европски рамки. Официјалното прогласување и доделувањето на трофеите ќе се одржи на 19 идниот месец во Љубљана. Инаку, завчера во Скопје престојуваа претставници од Комисијата за лиценцирање на патеки на Централно европската зона (ЦЕЗ) од Чешка и од Хрватска. По направената инспекција на кружната патека кај МРТВ и состанокот со челниците на АМК “Кастрол примо рејсинг” и службите на град Скопје, беа изложени корекциите што ќе мораат да се направат за патеката да ги задоволи нормите на ЦЕЗ и на ФИА. Договорено беше, кружната трка за шампионатот на ЦЕЗ, што требаше да се одржи на 22 мај идната година во Скопје, да биде одло- жена за наесен за да се комплетираат градежните работи. (С.Х.)