Замина и Љубисав Иванов – Ѕинго

Овие денови кога ни одат многу пријатели, треба да ја разбереме вредноста на животот, на пријателството, на човештината…

Ѕинго беше патриот, човек кој си ја сакаше Македонија…
Имавме целосно различни идеолошки убедувања, но секогаш не спојуваше патриотизмот и Македонија…

Беше долги години коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, лојален и посветен. Спремен да поддржи, но и да се спротистави и искара…

Нека биде добар споменот за него…
Бог да го прости…