Министерот за надворешни работи Никола Димитров нема време за владеењето на правото во Македонија. На состанокот со неговата бугарска колешка Захариева, како дел од почетокот на претседавањето на Берлинскиот процес меѓу Македонија и Бугарија, тој избегна да одговори на тоа прашање.

-Не сега, имам работа, вака Димитров, одговори на обидот на БТВ да му постави прашање за владеењето на правото.

Меѓутоа, од говорницата на меѓународната средба изјави дека само неговата партија може да го продолжи европскиот пат на државата.