Министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил посочи дека од вчера на пладне до рано утрово, бројот на македонски граѓани кои ја напуштиле земјава е 1331.

„Не сакам да навлегувам во мотивите. Можеби сите овие патувања биле нужни. Но, чувствувам должност да предупредам на алармантната состојба насекаде. Имам впечаток како недоволно да е јасна ситуацијата во регионот, во Европа и во светот“, пишува Димитров.

Тој додава дека имаат контрола само врз македонските граници и не ги контролираат границите на другите држави.