Премиерот Оливер Спасовски и министерот Никола Димитров во рамки на настанот посветен на Иницијативата за основање на центар за грижа и промоција на македонскиот јазик по повод две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, го посетија граничниот премин Маркова нога – Лемос, информирајќи за активностите поврзани со имплементација на проектот за отворање на тој значаен меѓуграничен премин.

Димитров истакна дека отворањето на граничниот премин е овозможен со потпишувањето на Договорот од Преспа и е многу важен за локалното население, за туризмот и за економијата.

Овој градничен премин, според Димитров, претставува шанса да заживее целиот прекрасен преспански регион.

Како што посочи министерот пандемијата предизвикана од Ковид-19 го намалила интензитетот на активностите, но идниот граничен премин сепак ќе биде отворен.

Според анализите можно е цела реализација да се заврши за две години.

извор: Makfax