Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари средба со државниот министер надлежен за Европа во министерството за надворешни работи на СР Германија, Михаел Рот.

Министерот Димитров го запозна министерот Рот со текот на разговорите со Грција за разликата околу името, како и со најновите актуелности околу процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Тој ја потенцираше важноста на поддршката на нашите европските пријатели на тој пат. Во таа смисла упати посебна благодарност за досегашниот исклучително значаен ангажман на пријателска Германија,

„Со напредокот на Македонија во правец на градење на вистинска европска демократија, нотифициран во извештајот на Европската Комисија, имаме ретка можност да постигнеме успех. Можност која треба заеднички да ја препознаеме и искористиме”, рече Димитров.

Рот го поздрави постигнатиот напредок во реформскиот процес на земјата, јасно препознаен во Извештајот на ЕК и содржаната препорака за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Во таа насока, повтори дека Германија и натаму останува силен поддржувач на Република Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО. Тој изрази задоволство и охрабрување за заложбите на Владата за изнаоѓање решение во разговорите со Грција.

извор: Makfax