x

Димитровски во тимот на колото во Грузија

teavi-ovo

Владимир Димитровски одлично тргна што се вели по паузата во дресот на својот тим Телави од Грузија.

По сите проблеми, карантини и се што се случуваше Грузискиот шампионат продолжи, а во него Димитровски викендов по пет одиграни кола трет пат е во тимот на колото.

Стоперот се најде во идеалните единаесет по ремито без голови кај фаворитот Дила Гори што е уште еден показател дека Димитровски во моментов е во одлична форма.

Шампионатот на Грузија е исклучително изедначен целата лига е збиена во само неколу бодови, а Телави во моментов е шест со 14 поени.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата