x

Димитријевиќ втор стрелец во поразот од Барса

нено

Хувентус за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ продолжува со контролните натпревари во рамките на подготовките за новата сезона. Тимот од Бадалона за противник ја имаше Барселона, но не успеа да дојде до победа, беше поразен со 68-75.

Кошаркарите на Хувентуд одиграа одлично прво полувреме, мечот го отворија со серија од 8-0, на одморот заминаа со позитива од 40-32.

Во вториот дел Барса ја стегна одбраната, го превзема водството за победа на овој дуел.

Димитријевиќ беше втор стрелец во редовите на Хувентуд, запиша осум поени и 4 асистенции.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата