x

Димитријевиќ во Валенсија за пола милион евра годишно!?

dimitrijevic-e1570048255761

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ во следната сезона ќе игра за некој друг клуб, односно ќе го напушти Хувентуд. По најавите дека би можел да заврши во Барселона, сега се интензивираат и разговорите со Валенсија, кој нуди одлични услови за кошаркарот, кој имаше одлична сезона во Хувентуд.

Така, споре најавите, Димитријевиќ би можел да го комплетира трансферот во Валенсија, и да заработува по 500 илјади евра годишно. Со тоа Хувентуд би заработи околу 300 илјади евра како обесштетување.

Наводно Димитријевиќ веќе си подал рака со челниците на Валенсија, а останува само договор меѓу клубовите за финализирање на соработката, и договорот да биде потпишан.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата