x

Димитриоски: Да не им дозволиме да нè наттрчаат, ако се случи тоа сигурно ќе паднеме

metalurg

Металург вечерва (18:45 часот) на домашен терен го игра третиот меч во Европската лига, во Скопје гостува тимот на Фајверс. Станува забор за незгоден противник, кој доаѓа во лошо време на тимот од Автокоманда, кој поради карантинот, немаше многу време за тренинзи, само што излезе, фати силен ритам во домашниот шампионат.

„Поминавме низ два карантина, многу неодредени тренинзи, неколку позитивни играчи, но сега полека се враќаме во ритам, што навистина не е многу лесно. Поради тоа заостанавме многу во домашниот шампионат и сега мораме да комбинираме со натпревари во Суперлигата и тренирање.

Фајверс игра германски стил на ракомет, брзи се, но ќе се обидеме да се одиграме квалитетни 60 минути. Не треба да им дозволиме да нè наттрчаат, а ако се случи тоа сигурно ќе паднеме. Моите играчи ќе изгинат на терен, затоа што силно посакуваат победа во ова натпреварување. По она што ни се случи во Шпанија и многуте одложени натпревари, нашата желба за надигрување е голема и мислам дека нема да изгориме во таа желба“, рече стратегот на Металург, Оливер Димитриоски.

Во составот на Металург нема позитивни на Ковид-19, па сите играчи ќе му бидат на располагање на стратегот на македонскиот тим.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата