x

Димитриевски има понуда и од Италија, но постоjат две „пречки“

dimitrievski-e1591810090190

Столе Димитриевски има понуда од шпанскиот тим Хетафе, а најнова информација е дека има интерес и од Италија, поточно од тимот на Сасуоло. Но, за оваа понуда постојат две „пречки“.

Првата е што Димитриевски сака да остане во Шпанија. Тој во оваа земја веќе е долго време, навикнат е, добро ја познава Лигата, и затоа би сакал да најде ангажман во некој од шпанските тимови.

Друг проблем е што за Сасуоло брани Андреа Консиљи. Голман кој веќе е долго време во тимот, има преку 200 натпревари, има 33 години и сигурно сега да дојде Димитриевски нема да може така лесно да избие пред него. Евентуална продажба би можела да ги зболеми шансите за трансфер, но засега нема интерес за италијанскиот чувар на мрежата, и од тука, се чини, дека понудата од Сасуоло ќе биде одбиена.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата