x

Диме Димов донираше во својот Радовиш

Колку и да е од срце да е кога нешто се подарува, се помага неколку. Не се опишува среќата на еден човек со зборови, кога му помага некому, му подава рака кога му е најпотребно.

Во вакви времиња кога ситуацијата не е ни малку лесна, помош е добредојдена за секого, а во нашиот Радовиш еден од оние коj е на вистинско место во вистинско време е Диме Димов, првотимецот на Академија Пандев. Димов, заедно со својот другар и сограѓанин Горан Поцев, посетија неколку семејства и им доделија помош во вид на храна која во моментов е најпотребна.

„Не може да се седи со скрстени раце во ваква ситуација. Кој може нека помага. Нема друго. Ете и јас одлучив да помогнам онолку колку што можам во моментов и мислам дека треба сите истото да го сторат. Одлично е чувството кога некому се наоѓаш во маката, кога знаеш дека тоа што му помагаш ќе го цени многу“,  вели Диме Димов за СПОРТМЕДИА.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата