x

Димевски за смешни пари го земал СРЦ Кале под свое до 2049 година

Се појавува ли скандал поврзан со поранешниот претседател на кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски и актуелен надворешен соработник за прашања во областа на спортот и унапредување на спортот во Република Македонија, во Кабинетот на претседателот на на владата на Република Македонија од 2017 година?

Државната комисија за спречување на корупција денеска и официјално отвори предмет по сопствена иницијатива, заради сознанија поврзани со можно незаконско издавање под закуп на СРЦ Кале, односно фирмата каде што е тој управител, Турд Олимпик ДОО Скопје, а основ за тоа секако дека има.

Димевски според официјалните документи кои се достапни од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти во сопственост на РМ, е закупец на СРЦ Кале официјално во следните 30 години, односно до 2049 година, со месечна закупнина од 600 евра?

Колку е ова реална цена за таков објект, простор, комплекс кој има сериозна квадратура и потенцијални можности проценете сами.

Што има корист КФСМ, односно „куќата на кошарката“ која всушност беше во прв план кога се доделуваше салата под закуп и сите беа презадоволни што оваа федерација и тоа во време на Перо Антиќ конечно има свој дом.

Јавно го прашуваме и директорот на Јавното претпријатие, Шпенди Хајредин, која е економската оправданост на овој договор, и колку државата всушност губи на месено ниво, во следните триесет години?

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата