Од синоќа тече рокот од 72 часа во кои Државната изборна комисија треба да се произнесе за 2.141 приговор на партиите за сумирањето и утврдувањето на резултатите од гласањето на изборите.

Пред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори, Алијансата за Албанците и Алтернатива поднесоа 151 приговор, 2 приговора поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

ДИК денеска или најдоцна утре треба да закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува по приговорите.

извор: Makfax