Државната изборна комисија на прес-конференција соопшти дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ освоиле најмногу гласови на парламентарните избори, односно 327 329 гласови.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315.344 гласови, ДУИ 104.587 гласови, Алијанса на Албанците и Алтернатива 81.297, Левица 37.551, ДПА 13.891, Интегра 12.291, ГДУ 3555 гласови, соопшти претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

извор: Makfax