Актерот Леонардо Дикаприо ќе сведочи на суд во случај поврзан со филмот Волкот од Волстрит снимен во 2013 година.

Имено, поранешниот извршен директор на брокерската фирма Стратон Оакмонт, Ендрју Грин бара 25 милиони долари отштета во тужба против продуцентите на Парамаунт пикчерс како и останатите продуценти.

Тој наведува дека во филмот е претставен како „криминалец, корисник на дрога и пореметен човек” со ликот на Ники Коскоф. Дикаприо е повикан во својство на сведок.