Новата малопродажна цена на „еуросуперот” од 95 октани изнесува 65,50 денари за литар, а на „еуросуперот” од 98 изнесува 67 денари, а на „еуродизелот” е 56 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ ќе чини 44,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,354 ден/кг, и ќе изнесува 27,512 денари за килогарам.

Ваквата одлука регулаторите ја донеле врз основа на движењето на цената на суровата нафта во период од две недели и курсто на денерот сперема доларот.

„Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 66,903 долари за барел и е за 12,52 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта (76,474 долари за барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.Курсот на денарот во однос на доларот во овој период изнесуваше 49,7020 денари за долар и е за 0,56 отсто ” соопшти Регулаторната комисија за енергетика.