x

Диего Коста: Конте не е врвен тренер, во Реал не би издржал ни една сезона

Шпанскиот фудбалер Диего Коста го испровоцира Антонио Конте со тоа што рече дека не е добар тренер и дека нема да издржи ни една сезона доколку го преземе кормилото на Реал Мадрид. Коста беше шампион во Премиер лигата со Челзи кога Конте го предводеше тимот во 2017 година, но и покрај тоа шпанскиот фудбалер верува дека италијанскиот тренер не е добар.

Со Конте имавме проблеми надвор од теренот, но и покрај тоа верувам дека е добар тренер. Но само добар, но не и екстра, топ тренер затоа што за такво нешто треба да го промени односот кон фудбалерите. Мора да биде почовечен“, вели Коста.

Конте сега е тренер на Интер, но пред две години беше кандидат за клупата на Реал Мадрид кога Јулен Лопетеги доби отказ.

Тој е многу чуден тип. Има многу сомнителен пристап. Уште тогаш реков, а сега и ќе повторам – тој не би издржал ни една сезона во Реал Мадрид“, изјави Шпанецот кој сега е член на Атлетико Мадрид.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата