Градоначланикот на Скопје, Петре Шилегов најави дека оваа година буџетот за Новогодишното украсување на Скопје ќе биде помал од ланскиот кој изнесуваше 260 илјади евра. Но сепак градскиот татко, веројатно погреши некаде во пресметките.

На крајот се дознава дека за новогодишните светилки ќе се издвои сума од околу 285 илјади евра, што е за 30 илјади евра повеќе. И оваа година како претходните китењето ќе го прави фирмата Линк медиа. Според најавата на Петре Шилегов новина ќе биде елката која овој пат ќе била дигитална.

За новогодишната ноќ ќе биде задолжен пејачот Дино Мерлин.