x

Дибиров: Не сакам да се правдам, но тим со 10 нови играчи не се прави за месец или два

dibirov-e1594994189216

Вардар во Задар се подготвува за првиот настап на завршниот турнири во регионалната СЕХА конкуренција. Новиот состав на „црвено-црните“ покажа многу осцилации на првите сезонски дуели, но играчите веруваат дека со текот на времето екипата ќе го добива вистинскиот лик. Еден од најискусните, Тимур Дибиров, за настапот на Ф4 турнирот во Хрватска вели:

„Ако правиме споредба со претходните Ф4 турнири, мислам дека ни од 2014 година кога дојдов во Вардар и тој прв завршен турнир, па и денеска не мислам ниту дека сме фаворити, ниту дека сме аутсајдери. Секој Ф4 турнир е различен. Сега ситуацијата е поинаква. Јавноста очекува од нас многу подобар настап од она што го покажавме на последните средби. Не сакам да се правдам, но кога имате 10 нови играчи во екипа, тоа се уште тешко функционира. И на Раул му требаа 4 години за да го направи тимот. Не се прави тим за месец или два. Сега почнуваме од нула, не сме сигурни во некои сегменти, но очекувам многу подобри настапи во следниот период. Знаеме зошто сме во Задар, какви се насоките и ќе се обидеме да ги реализираме целите“, вели Дибиров, пред утрешното полуфинале со ППД Загреб.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата