x

Дибиров: Можеби Вардар повторно ќе биде силен како некогаш, но ќе биде навистина тешко

Очигледно е дека работите во Вардар нема да бидат како што биле некогаш. Со заминувањето на Сташ Скубе и дефинитивно е јасно дека на екипата и се случува една голема трансформација, а тимот нема да биде ист.

Тимур Дибиров во интервју за „Балкан Хендбол“ зборува за оваа трансформација. Вели дека се знаеше дека ќе дојде време за такво нешто, дека е тешко, но и дека го разбира Скубе.

„До последен момент Сташ Скубе чекаше да види што ќе се случува. Го разбирам. Замина поради семејството“, рече Дибиров кој напомена дека можеби Вардар повторно ќе биде силен, но дека ќе биде тешко.

„Сите ние сакавме до крај да сме тука и верувавме дека ќе биде Вардар како порано. Можеби еден ден повторно Вардар ќе биде силен како што беше, но ќе биде многу тешко. Сите знаеме дека не е само да имаш квалитетни ракометари, туку е потребна и хемија. Таа хемија ние ја имавме, а тоа е најтешко да се создаде“, рече Дибиров кој вели дека самите ракометари на Вардар кои во изминатите години биле дел од „црвено-црното“ семејство ги натерале навивачите да доаѓаат во сала и да ја исполнуваат на секој натпревар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата