x

Дибала: Оние кои го негираат Ковид-19 се исти како оние кои тврдат дека Земјата е рамна

paulo-dybala

Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала во интервју за магазниот „Венити Фер“ вели дека оние кои го негираат постоењето на Ковид-19 се оние кои ќе ви тврдат дека Земјата е рамна.

Напаѓачот на Јувентус го „закачи“ вирусот уште во март и не помина баш лесно.

„Ковид-негирачите имаат иста интелектуална вредност како и оние што зборуваат дека Земјата е рамна. Не сакам да зборувам ништо повеќе за тоа“, изјавил Аргентинецот.

Во интервјуто, Дибала зборува иза неговиот приватен живот и неговата страст за собирање фудбалски дресови.

„Имам стотици дресови. Некои се оние што ги разменуваме на крајот од натпреварите, некои се подароци од моите соиграчи кои играат во различни репрезентации, но понекогаш и јас ги купувам. Еднаш бев близу да купам еден од Алесандро Дел Пјеро на аукција и еден што го носеше Диего Марадона на натпревар против Бразил, но некој се согласи да плати повеќе од мене“, призна Дибала.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата