“Државниот застрахователен завод” од Бугарија испратил Писмо на намери до Радо банка, како и до Народната банка на Македонија со кое покажува дека има сериозни намери да инвестира во купувањето на оваа наша банка. Ова го тврдат претставниците на фирмата “Глобал Бизнис Фајненшл Консалтинг” која е консултант на ДЗИ, а информацијата ја потврди и гувернерот на Централната банка , Петар Гошев. Во писмото тие ја информираат Народната банка дека се заинтересирани за отпочнување на преговори со Радо банка и дека се сериозно заинтересирани за влез во оваа наша финансиска институција. Со тоа се демантира текстот објавен во бугарскиот весник “Дневник” дека сопственикот на оваа бугарска групација, Емил Ќулев засега се откажува од влезот во две македонски банки, Радо и Македонска банка. Според оваа консултантска куќа, ваквата изјава на Ќулев наводно била измислена. (В.М.Б.)