x

Де Јонг за ситуацијата во Барселона: Овде е тотален хаос!

frenki-de-jong

Пред една година, младата холандската sвезда Френки де Јонг (23) се пресели од Ајакс во ФК Барселона, но по само една година, на „Камп Ноу“ не е ни оддалеку она што го очекуваше. По последната ситуација со најавеното заминување на Меси, Де Јонг вели дека во Барса моментно е тотален хаос.

Де Јонг за холандската национална телевизија изјави:

„Во Барселона владее хаос, толку многу чудни работи се случуваат. Хаос е насекаде“.

На прашањето на новинарот, дали се гледа крајот и како ќе заврши случајот со Меси, младиот Холанѓанец одговорил: „Јас лично не сум разговарал со Меси за тоа. Да бидам искрен, не знам каква е ситуацијата“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата