x

Де Хеа го надмина Едвин ван дер Сар на голот на Манчестер Ј.

de-gea-van-der-sar-schmeihel

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа синоќа во поразот на неговиот тим дома од екипата на ПСЖ со 3:1 стана апсолутен рекордер во клубот по бројот на настапи во европските купови, кога се во прашање голманите.

Шпанецот синоќа го имаше 58. Настап за Манчестер Ј. во европските купови со што го симна од врвот на вечната листа, Едвин ван дер Сар, уште еден легендарен голман на „ѓаволите“.

На третото место на оваа клупска листа е Питер Шмајхел, кој одигра 43 европски натпревари за Манчестер Јунајтед.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата