x

Де Роси: Го одбив Јунајтед поради една причина

Легендарниот италијански играч за врска Даниеле Де Роси во текот на кариерата играше само за два клуба Рома и Бока Јуниорс. Имал и шанса да заигра за Манчестер Јунајтед но ја пропуштил. После долги години Италијанецот објаснува зошто не одлучил да оди на „Олд Трафорд“.

Уште како дете еден од омилените клубови ми беше Манчестер Јунајтед. Меѓутоа, исправна беше мојата одлука да не одам во тој клуб затоа што таму на мојата позиција играа Рој Кин и Пол Сколс. Тоа беа неверојатни играчи. Ја држеа целата игра на Јунајтед. Да отидев ќе им бев резерва“, изјави Де Роси за „Скај спортс“.

Сепак, Де Роси кон крајот на кариерата исполни една голема желба да го облече дресот на Бока Јуниорс. Тој одигра неколку натпревари и почувствува како е да се биде дел од славниот аргентински клуб и потоа се пензионира.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата