x

Де Лаурентис: Да, нашиот стадион ќе се вика – Диего Армандо Марадона!

adios

Аурелио де Лаурентис, првиот човек на Наполи, на клубот за кој играше и Диего и му донесе две титули во Серија А, со пригодни зборови се прости од вчера починатиот Марадона. Тој покрај другото кажа дека нема дилеми дека стадионот „Сао Паоло“ во иднина ќе биде преименуван во „Диего Армандо Марадона“ за да починатиот Диего засекогаш биде со своите наполитанци кои просто го сметаат за свое божество.

Исто така и од страна на градските власти денеска беше соопштено дека и тие ќе сторат се најбрзо што се може да ја средат целата документација за преименување на стадионот „Сао Паоло“ во “Диего Армандо Марадона“, во чест на најдобриот фудбалер на Наполи, но и во историјата на фудбалот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата