x

Дејвис и Леброн во елемент за 28. победа на Лејкерси сезонава

Л.А. Лејкерс стигнаа до 28. победа сезонава, откако со 123:113 го совладаа Њу Орлеанс. „Езерџиите“ одиграа одличен натпревар, доминираа во три четвртини од мечот, па на гостите во последната единствено им успеја да го ублажат поразот.

Ентони Дејвис имаше одлична ноќ со 46 поени и 13 скокови, како и Леброн Џејмс со дабл-дабл со 17 поени и 15 скокови.

Портланд ја прекина серијата од пет порази во низа откако со 122:103 славеше на гости кај Вашингтон. „Волшебниците“ беа подобри единствено во првиот период, додека останатиот дел од средбата мина во знакот на гостите.

Мечот го обележа неспортското однесување на Исаија Томас, кој по само 88 секунди го напушти теренот поради контакт со судиите. Тој го турна судијата и поради тоа веднаш доби исклучувачка и замина во соблекувалната. Што се однесува до стрелците, интересно е што Лилард и Мекрае имаа ист учинок, по 35 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Бостон – Атланта            109:106

Орландо – Мајами        105:85

Вашингтон – Портланд                103:122

Хјустон – Филаделфија               118:108

Феникс – Њујорк            120:112

Л.А. Лејкерс – Њу Орлеанс       123:113

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата