x

Дешамп: Ситуацијата во Јунајтед сериозно влијае на Погба

00872748

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп пред јавноста го кажа своето мислење околу ситуацијата на Пол Погба во неговиот тим Манчестер Јунајтед и малата минутажа која тој ја има таму.

„Секако дека тоа влијае на него, и на начинот на кој што тој се однесува на терен. Пред мечот со Финска мораше да поразговараме, знав дека е способен за само еден час игра. Тој мора да сфати дека во моментов мора да остане позитивен иако ова не е најдобриот период од неговата кариера. Јас него го познавам многу добро, и знам дека е способен на критиките да врати со многу мудрост, знаење и авторитет на терен“ – изјави Дешамп.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата