x

Дешамп го објави списокот – прв повик за синот на Лилијан Турам

markus-turam

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп го објави списокот на фудбалери за ноемвриските натпревари со Финска (пријателски на 11 ноември) и со Португалија и Швајцарија во Лигата на нациите (на 14 ноември и на 17 ноември).

Дешамп одлучи да го вклучи напаѓачот на Борусија Менхенгладбах Маркус Турам, за кого ова е прв повик во националниот тим во кариерата. Тој е син на легендарниот Лилијан Турам, човекот кој беше француски репрезентативец и стана Светски првак во 1998 и Европски првак во 2000 година.

Дешамп одлучил да го вметне Маркус после неговите одлични настапи во Лигата на шампионите против Интер, Реал Мадрид и Шахтјор. Младиот играч му даде два гола на Реал Мадрид, а запиша асистенција во победата над Шахтјор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата