Јапонската Агенција за регулирање на радиоактивноста (НРА) го зголеми предупредувањето за токсичноста на водата што истекува од нуклеарната централа Фукушимаа, од прво на трето ниво, што според меѓународната скала значи сериозен инцидент”. Истовремено, еден од водечките јужнокорејски превозници Азијана ерлајнсс најави откажување на чартер-летовите меѓу главниот град на Јужна Кореја и Фукушима.

Инцидентот со нуклеарната централа Фукушима почна да остава долгорочни последици. Имено, кај 18 деца од јапонската префектура Фукушима е откриен рак на штитната жлезда. Кај 25 малолетни деца се откриени и знаци на тоа заболување, но засега болеста не е потврдена. Во Фукушима од февруари досега за шестпати е зголемен бројот на децата заболени од рак на штитната жлезда. И покрај тоа, властите немаат потврда дека тие случаи се предизвикани од радијација. Досега во префектурата се направени медицински прегледи за рак на штитната жлезда кај 210.000 жители на возраст до 18 години.