ПроКредит банка во своите експозитури, во училиштата, на плоштадите, во парковите, а и на Бебе саемот овој месец ќе спроведува едукативни акции за штедење, во чијшто фокус ќе бидат децата. Главната порака на банката е дека секој може да штеди, но навиката за штедење се всадува од најмала возраст.

ПроКредит банка има посебен произод за децата – ПроКид штедна книшка со камата од 2 отсто за денарското и 1,75 отсто за штедењето во евра. Од воведувањето на ПроКид во 2007 година досега се отворени над 18.000 детски штедни книшки.