x

Дефинирано е „Рели Дакар “ за 2021 година

Дакар рели во 2021 година ќе биде одржано во Саудиска Арабија од 3 јануари до 15 јануари и дефинирани се 11 етапи и пролог во кој ќе биде одредена стартната листа за првата етапа. Се тргнува и завршува во градот Џеда. На 9 јануари е денот за одмор во градот Хаил.

43 издание на трката целосно ќе се одржи во Саудиска Арабија. Требаше уште две или три држави да бидат вклучени, но поради ситуацијата со КОВИД-19 одлучено е целата трка да се одржи во Саудиска Арабија. Па така на новата рута се придодаваат делови од трката од 2020 година.

Организаторите поучени од несреќите од последните неколку години најавија дека се преземени поголеми безбедносни мерки.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата