Челниците на англискиот премиерлигаш Евертон испратија јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на одличниот играч за врска, Рос Баркли.

Репрезентативецот на Англија ќе ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 50 мил. фунти.

Најголем интерес за услугите на офанзивниот играч за врска покажаа раководните лица на Тотенхем и на Манчестер Јунјатед.