x

Дефанзивец на Ајакс не сака трансфер во Ливерпул

shurs2

Одбранбениот фудбалер на Ајакс Пер Шурс изјави дека не сака да направи трансфер во Ливерпул. 21-годишниот холандски фудбалер е поврзан со трансфер на „Енфилд“ во јануарскиот преоден рок откако двајца дефанзивци на Ливерпул Џо Гомез и Виргил ван Дајк ќе отсуствуваат долго време поради повреди. Но Шур смета дека се уште е рано да си оди од Ајакс и дека сака да остане и да се развива во клубот од Амстердам.

Слушнав за информациите дека Ливерпул се интересира за мене. Ја играм првата сезона како првотимец на Ајакс. Сакам да играм тука уште неколку сезони и да освојувам трофеи. Се уште не мислам за трансфер. Мислам дека е рано за тоа“, сподели Шурс за „Votbal Primeur“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата