По повод новата учебна година, утревечер (19 септември), со почеток во 12 часот, во Македонската Опера и Балет ќе се одржи популарната претстава за деца “Петар Пан”.

Петар Пан е лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М.Бери (1860 -1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров “Недојдија” како лидер на неговата банда “Изгубените момчиња”, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати…

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

Претставата “Петар Пан” во вторник, на 22 септември, ќе биде изведена и на сцената на Домот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп.