x

Детроит го отпуштиja Џанан Муса

musa

Екипата на Детроит Пистонс ја преставија екипата за новата сезона, а на списокот го нема босанскиот репрезентативец Џанан Муса. Босанскиот кошаркар сега е слободен играч па може да го ангажира секој без пари, а американскиот новинар Џејмс Едвардс вели дека Детроит му врачиле отказ на Муса.

Инаку тој не се изнаигра во Нетс во изминатата сезона, а одигра само 12 минути на мечевите во предсезоната без ниту еден кош, па вакво сценарио беше очекувано. Детроит се ослободи од неговиот договор вреден 2 милиони евра, а во неговиот договор исто така имаше опција за заработка од 3,6 милиони евра за сезоната 2021/22. Инаку Муса во Детроит дојде од Бруклин Нетс.

Детроит реши да го реновира ростерот по лошата сезона и скор од 20-46, а само четворица останаа од минатосезонската екипа: Блејк Грифин, Дерик Роуз, Секо Домбоја и Сви Мјикаилук.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата