Петкратниот најдобар фудбалер во свет Кристијано Роналдо би можел летово да ја напушти Италија, бидејќи Јувентус како последица на корона вирусот не ќе може да го плаќа 30 милионио евра годишно.

Како што пренесува португалскиот Диарогол, агентот на Роналдо, Жорж Мендеш признал дека на маса има понуда од Пари Сен Жермен, кој сака да ги искористи парите од планирана продажба на Нејмар.

Роналдо моментално се наоѓа во родната Мадеира, а договор со Јувентус има до 2022 година.