Филмот „Титаник“ е снимен пред 20 години, а благодарение на него Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо станаа вистински холивудски ѕвезди.

Глумецот Рис Томпсон имаше само 5 години кога го глумеше ирското дете кое со мајката и сестрата се удави во една од најемотивните сцени. За таа улога добил 30 илјади долари, а во интервју за „Бизнис-инсајдер“ открива дека овој филм и сега му носи по 200 до 300 долари годишно.

„Чудно е бидејќи воопшто не размислувам за тоа. Кога ќе се појави чекот, едноставно си помислувам дека имам уште сто долари повеќе“, вели Томпсон.

Рис има 25 години и се занимава со дигитален менаџмент за едно скијачко одморалиште во Јута. Тврди дека никој во неговото семејство не ни можел да замисли дека „Титаник“ ќе доживее таков успех.

извор: Makfax