x

Детенце испрати понуда до Брајтон: Имам 15,07 фунти и сакам да купам ваш фудбалер

Петгодишниот Даниел Отон навивач на англискиот Лидс Јунајтед го сврте вниманието кон себе поради неговото писмо испратено до клубот од Премиер лигата – Брајтон. Имено, детенцето откри дека ја отворило касичката и испраќа понуда до Брајтон за Бен Вајт кој моментално игра како позајмен во неговиот Лидс.

Моето име е Даниел. Имам пет години и навивам за Лидс. Ви го пишувам ова писмо поради вашиот фудбалер кој моментално е кај нас на позајмица. Бен Вајт е мојот омилен играч. Би ве замолил од се срце, дали постои некаква можност тој да остане кај нас и наредната сезона. Еве, ја отворив касичката и имам заштеда од 15,07 фунти. Ако тоа помага, ќе ви ги испратам веднаш“, напишало момчето.

На тоа стигнал одговор од Пол Барбер, директорот на Брајтон.

Убаво што ги понуди сите свои пари за да му помогнеш на својот клуб. Сигурно знае да препознаеш талент и можеби ќе бидеш скаут во иднина. Ја примивме твојата понуда, но нашиот главен тренер Грем Потер и техничкиот директор Дан Ешворт сметаат дека Бен е важен играч за нашиот клуб и за жалк не можеме да го продадеме на Лидс во овој момент. Ти се заблагодаруваме што ни пиша писмо и ти посакуваме се најдобро“, порача Барбер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата