На една од жените кои го обвинија продуцентот Харви Вајнстин за сексуално злоставување, ѝ било речено да ги избрише сите документи од нејзиниот мобилен телефон, кои сакала да ги сочува приватно, соопштија обвинителите.

Според информациите, барањето било од страна на детектив. Адвокатот на Вајнстин пак вели дека развојот на настаните го поткопува случајот.

Холивудскиот продуцент се соочува со обвинувања за сексуален напад врз две жени. Вајнстин ги негира тие тврдења.

Вајнстин е обвинет од над 70 жени за сексуално малтретирање.

извор: Makfax