Околу 19 часот и 40 минути пријавено било дека во продавница  на улица Московска  непосредно до пазарот во Тафталиџе  извршено е убиство.

Откако КУРИР објави за инцидентот кој вечерва се случил во скопско Тафталиџе, информацијата ја потврдија и од МВР. Станува збор за убиство.

-На 20.12.2019 околу 19,40 пријавено е дека во продавница на ул. „Московска“ (непосредно до Зелен Пазар – Тафталиџе), извршено е убиство од страна на сопственикот на продавницата – В.Ш. (55), кој по расправија, со пиштол пукал кон С.Д. (55), негов зет за сестра, кој починал на лице место, а Ф. Д. (25), внук од сестра, е погоден со куршум во десната нога и е пренесен во Ургентен Центар, каде му се укажува лекарска помош, информираат од МВР за КУРИР.

Причините за убиството се нарушени семејни односи и нарушени имотно – правни односи.

Сторителот е приведен.

КУРИР

 

Причини за убиството, според МВР, се нарушени семејни односи и нарушени имотно-правни  односи. Сторителот е приведен, соопштува полицијата.