x

Детали за несреќата во која животот го загуби НБА иконата – Коби Брајант

Легендарниот НБА играч Коби Брајант починал во хеликоптерската несреќа која се случи утринава во 10 часот по локално време во Калифорнија. Легендата на НБА лигата и на светската кошарка имаше 41 година.

Брајант со уште четири други лица чии имиња исто така не се објавени, патувал со неговиот приватен хеликоптер над Калабасас кога избувнал пожар, по што хеликоптерот почнал да паѓа и се урнал на ридовите кај Калабасас.

Несреќата се случила во услови на магла, при што во хеликоптерот од засега непознати причини избувнал пожар. Огнот бил огромен по падот на леталото, што дополнително ја отежна работата на спасувачките екипи од Лос Анџелес.

Според полициски извори, нема преживеани. Властите кои ја испитуваа несреќата потврдија за КТЛА дека најмалку пет лица загинале во несреќата, но не ги идентификуваа по име. Сопругата на Брајант, Ванеса, не била меѓу оние што се наоѓале во хеликоптерот.

Брајант помина две децении во Лос Анџелес Лејкерс, освојувајќи пет шампионски пехари и оствари 18 Ол-Стар настапи, пред да замине во пензија. Зачудувачки, смрта дојде само неколку часа откако леброн Џејмс го помина на вечната листа на реализатори во НБА лигата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата