МВР излезе со детали за запалениот луксузен автомобил марка БМВ кој беше запален кај „Зебра“ во Скопје.

Во СВР Скопје, околу 2 часот синоќа било пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ настанал пожар на патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје.

-Повредени лица нема. Увидот е во тек, информираат од МВР.