Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера побладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија од МВР во денешниот полициски билтен

Оттаму велат дека таа е спроведена во државен карантин, а ќе биде известен и јавен обвинител.

На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека по комплетирање на случајот, за А.Г. ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик.

Известен е Јавен обвинител, а лицето било спроведено во државен карантин.