Синоќа на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.С. (62) од с. Манастирско Доленци, кичевско и патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со италијански национални ознаки, управувано од Ф.Џ. (26) од с. Прегово, прилепско.

М.С се здобил со тешки телесни повреди, а Ф.Џ. и три сопатнички од неговото возило, Ф.С.(30), А.М.(21) и Ф.Џ.(57) се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.