x

Дест го фати трема, првиот допир со топката беше катастрофален (ВИДЕО)

screenshot_4

Американецот, Сержино Дест и официјално потпиша договор со Барселона, во редовите на каталонскиот гигант дојде за сума од 21 милиони евра.

На денешното претставување, покрај прес-конференцијата и фотографиите, тој се обиде да ги придобие симпатиите од фановите и со неколку финти со топка, но за жал не се покажа најдобро. Се чини дека 19-годишниот фудбалер имаше трема.

 

„Барса има голема историја и од секогаш сакав да игра за овој тим. Го следев своето срце и донесов добра одлука. Горд сум што станав првиот Американец во Барселона. Ова е остварување на мојот сон и се радувам што ќе игра со новите соиграчи“, изјави Дест.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата