Министерката за правда Рената Дескоска апелираше пратениците да размислат за европската иднина на земјата и да го поддржат Законот за јавно обвинителство.

 

– Повеќе од јасно е дека со трансферот на предметите од СЈО во државното обвинителство овие предмети ќе имаат правна завршница. Овој процес им ги помати сметките на оние кои сакаа СЈО да не постои. Бесцелно е неконструктивното однесување на одредени пратеници. Во пресрет на одлуката на ЕУ за отпочнување на пристапните преговори, апелирам до народните избраници да ги стават државните пред партиските интереси, – порача министерката за правда.