Во координирана акција на полицијата вчера утрото пред патарината Отовица – Велес, бил сопрен автомобил „фолксваген фејтон“, во кој се наоѓале 10 мигранти од Авганистан.

При застанување на возилото дошло до судир со полициското возило „ландровер“, при што со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и двајца мигранти, кои биле префрлени во Општа болница Велес.

Околу 06.00 часот, на локалниот пат за с.Отовица, биле приведени Б.И.(19), кој управувал патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, и сопатниците Б.В.(28) и А.И.(23), сите од Скопје, поради сомнение за поврзаност со настанот, по што биле приведени во Полициската станица Велес за понатамошна постапка.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по комплетно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Пронајдените мигранти се префрлени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“, Гевгелија.

извор: Makfax