Десеткуван рибниот фонд
Летово, речниот рибен фонд во Србија е десеткуван, пред се поради излевање на отровни отпадни води од индустриските капацитети, проценува српското Министерство за заштита на животната средина. Министерството подготви прелиминарен список на 243 претпријатија, кои се потенцијални загадувачи на животната средина, кои ќе мораат да набават соодветни дозволи за работа со кои ќе се потврди дека претпријатието извршува дејност којашто не ги загрозува водата, воздухот или земјиштето.